Фудбалер на ФК Силекс местел натпревар, заработи кривична пријава

02.07.2015 14:48

Се сомничи за местење натпревар. На четворица соиграчи им ветил парична награда од по 1.200 евра за натпреварот од 18-ти мај меѓу Силекс и Металург да заврши со негативен резултат за Силекс. Но, тоа не се случило...

26 годишен кочанчанец, фудбалер во „Силекс“ заработи кривична пријава. Се сомничи за местење натпревар. На четворица соиграчи им ветил парична награда од по 1.200 евра за натпреварот од 18-ти мај меѓу Силекс и Металург да заврши со негативен резултат за Силекс. Но, тоа не се случило.

Четворицата фудбалери по ова добивале закани за да го надоместат долгот поради изгубената кладба. Заканите ги добивале во кафуле во Пробиштип од двајца македонски и двајца бугарски државјани. МВР го утврдува идентитетот на уценувачите.