Познати младенците на 42-та Галичка свадба

02.07.2015 14:54

„За нас „Галичката свадба“ не е манифестација, туку е овековечување на нашата љубов. Нашето и учеството на нашите фамилии, нема да биде улога, туку ќе претставува чекорење по стапките на нашите предци“, вели невестата, родена Галичанка...

Билјана Гегоска и Филип Белчев се годинашните невеста и зет на атрактивната вековна галичка свадба. На 11-ти јули ќе одекнат зурлите и тапаните, со што ќе го најават почетокот на Петровденската традиција.

„За нас „Галичката свадба“ не е манифестација, туку е овековечување на нашата љубов. Нашето и учеството на нашите фамилии, нема да биде улога, туку ќе претставува чекорење по стапките на нашите предци“, вели невестата, родена Галичанка.

Вечерта, пред куќата на младоженецот и пред куќата на невестата, ќе бидат изведени десетина свадбарски обичаи. Следниот ден, на Петровден, младите ќе се венчаат во импозантниот храм „Свети Петар и Павле“, каде што пред Бога ќе си ветат долговечен, верен, заеднички живот исполнет со многу дечиња.

Коњаниците, „Тешкото“, „Невестинското“... не се само зборови кои се споменуваат кога станува збор за манифестацијата „Галичка свадба“, туку се длабоко врежани во нашите души и со нив живееме.

 

Александра Перевска