Попоски: Владата го спроведува акцискиот план
Министерот за надворешни, Никола Попоски нагласи дека владата продолжува со спроведување на реформите во кои е вклучен и неодамна донесениот акциски план...

Македонија во октомви ќе биде домаќин на регионалната конференција на Централната европска иницијатива за регионално енергетско поврзување, а денеска во МНР, Институтот за геостратегиски истражувања и реномираниот Британски институт од областа на глобалната безбедност „Вилтон Парк“ потпишаа меморандум за соработка.
За ова информираше министерот за надворешни, Никола Попоски кој во одговорите на новинарските прашања нагласи дека владата продолжува со спроведување на реформите во кои е вклучен и неодамна донесениот акциски план.
Сметаме дека во секој случај нашите реформи, односно испораката по однос на оние препораки кои ги има ЕК треба да се одвиваат и да им се посвети максимална енергија без оглед на динамиката на процесот на политички дијалог. Јасно е и дека без напредок во политичкиот дијалог плаќаме преголема цена и економска, но и во очите на ЕУ бидејќи на тој начин се овозможува да се затскријат вистинските причини поради кои веќе шест години не можеме да преговараме и е неопходен услов за да добиеме позитивна препорака и евентуално наесен да ги почнеме преговорите наесен, изјави министерот за надворешни работи, Никола Попоски.
Зоран Богатинов
