Варуфакис за „Блумберг“: Попрво ќе си ја исечам раката отколку да потпишам нов договор

02.07.2015 14:28

Тој рече дека очекува од грчките гласачи да ги следат препораките на Владата и да го отфрлат предлогот на кредиторите кои, како што рече, ќе бараат дополнително зголемување на даноците и намалување на трошоците во замена за континуирана помош...

Доколку на референдумот во недела надвладее ДА, ќе поднесам оставка, изјави грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис во интервју за „Блумберг“.

Тој рече дека очекува од грчките гласачи да ги следат препораките на Владата и да го отфрлат предлогот на кредиторите кои, како што рече, ќе бараат дополнително зголемување на даноците и намалување на трошоците во замена за континуирана помош.

Попрво ќе си ја исечам раката отколку да потпишам нов договор со кој не се реструктуира јавниот долг, изјави грчкиот министер за финансии.

Ние сакаме да ја реформираме оваа земја, но сакаме да го направиме тоа во контекст на реструктуирање на долгот, рече Варуфакис за „Блумберг“.