Фудбал СП жени полуфинале

Јапонија во финале, Англија во солзи

02.07.2015 19:23

По реализираните пенали на двете страни, Мијама за Јапонија во 33-та и Вилијамс за Англија во 40-та минута, најшокантниот момент на шампионатот се случи во судиското надополнување кога Басет ја затресе сопствената мрежа...

Иако не блескаат, Јапонките победуваат и ќе ја бранат титулата на Светското првенство во женски фудбал во Канада. Актуелниот шампион, Јапонија славеше и во седмиот натпревар на овој Мундијал и тоа благодарение на среќата. 2:1 против Англија во полуфиналето пред 31 илјада гледачи во Едмонтон.

По реализираните пенали на двете страни, Мијама за Јапонија во 33-та и Вилијамс за Англија во 40-та минута, најшокантниот момент на шампионатот се случи во судиското надополнување кога Басет ја затресе сопствената мрежа.

Финалето ќе биде исто како и пред четири години кога Јапонија по 2:2 и по удари од белата точка ги совлада САД. Американките. кои никогаш не биле послабопласирани од третото место на планетарните првенства, покрај за реванш, ќе играат и за третата - рекордна титула.