Реми на Шкендија, минимален пораз на Работнички
Во четвртата европска сезона, Шкендија за противник имаше некогашно големо име, Абердин. Екс освојувачот на Купот на победниците на куповите и на Европскиот Супер куп, не ги исплаши тетовските фудбалери кои како домаќини во Скопје, одиграа 1:1...

Поради нискиот рејтинг на македонскиот клупски фудбал, Работнички и Шкендија не можат да бидат фаворити во стартното квалификациско коло од УЕФА Европа лигата, но не потфрлија во првите натпревари, иако тетовци дома ремизираа, а романтичарите загубија на гости.
Во четвртата европска сезона, Шкендија за противник имаше некогашно големо име, Абердин. Екс освојувачот на Купот на победниците на куповите и на Европскиот Супер куп, не ги исплаши тетовските фудбалери кои како домаќини во Скопје, одиграа 1:1.
Втората по вредност шкотска екипа, по Селтик беше поконкретна, поведе со погодокот на МекГин во 79-та, но Шкендија не сакаше да оди со пораз во возвратниот дуел, па пет минути подоцна со првиот контакт со топката Кировски постигна убав гол за израмнување.
Работнички, пак не заслужи, но загуби со 1:0 кај Флора Талин. Фудбалерите на екипата од Дебар маало одигра напаѓачки, на победа, имаа и повеќе шанси, но погодокот на Гусев во 59-та минута им обезбеди минимална предност на Естонците пред реваншот за седум дена во Скопје.
