Истрагата за трговија со органи на Косово заврши
Обвинителот Клинт Вилијамсон, предводник на специјалниот истражен тим на ЕУ, ја заврши истрагата за трговија со човечки органи на Косово.Обвинението ќе опфати повеќе поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово и членови на главниот штаб, -пишува приштинскиот весник ,,Експрес“.

Според весникот обвинението се очекува да биде покренато во првата половина од годинава.Вилијамсон го завршил извешајот за истрагата што почна во септември 2011 и смета дека има доволно елементи за покренување обвинение.Тој нема да биде обвинител за случајот зашто негова работа била само истрагата. Весникот додава дека и по истрагата останува нејасно каде исчезнале телата на киднапираните Срби на коишто им биле вадени органи.
Независната истрага беше спроведена по тврдењето на известувачот на Советот на Европа Дик Марти за трговија со човечки органи на Косово пред 15 години,со наводи дека киднапираните Срби завршувале во фамозната ,,жолта куќа“ и во кампови во Албанија.