Топлотен бран низ Европа

03.07.2015 11:03

Стрелката на термометарот во Париз покажаа 39 целзиусови степени, додека во шпанските туристички места беа забележани 44 степени. Топлото време ја зафати и Велика Британија и Португалија...

Европа зафатена од топлотен бран. Стрелката на термометарот во Париз покажаа 39 целзиусови степени, додека во шпанските туристички места беа забележани 44 степени. Топлото време ја зафати и Велика Британија и Португалија.

Француската влада прогласи жолт аларм во 47 области. Преземени се дополнителни мерки за заштита на населението.

Во Париз се отворени специјални климатизирани простории каде граѓаните можат да се разладат, додека на железничките станици се делат флаери со мерки за претпазливост и заштита од топлото време.