Грција се подготвува за референдум
раѓаните се двоумат дали да ги прифатат предлозите од меѓународните кредитори, односно дали да го задржат еврото или да ја вратат драхмата...

Грција се подготвува за референдумот закажан за в недела. Граѓаните се двоумат дали да ги прифатат предлозите од меѓународните кредитори, односно дали да го задржат еврото или да ја вратат драхмата.
„Ако на референдумот победи НЕ ако биде посилно, јас ви ветувам дека следниот ден ќе бидам во Брисел и договорот ќе биде потпишан“, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Поранешниот премиер Самарас го повика народот в недела да гласаат потврдно. Не дозволувајте Ципрас да не врати на драхмата, тоа ќе ја убие грчката економија порача Самарас.
Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц изјави дека неговата доверба кон грчката влада била на дно и се надева дека ќе си поднесе оставка пред референдумот. За вечерва се најавени протести и на подржувачите и на противниците на реформите.
