Проблеми на Тутунски со откуп на тутунот

15.01.2014 16:51

Прилепскиот тутунски комбинат од почетокот на годинава не откупува тутун зашто треба да го обнови бонитетот, констатира земјоделската инспекција

 Инспекцијата изготви решение и очекува овој откупувач во наредната недела да ги дообезбеди парите за откуп. Од комбинатот објаснуваат дека досега преземените количества деновиве континуирано се исплаќаат, а за другата половина од договорениот род треба да го потпише договорот за кредит од три милиони евра преку Тутунска банка. Место за паника нема, уверува прилепскиот откупувач кој најавува дека со откуп на тутунот ќе продолжи и во наредната недела. Инаку, во земјава досега од 30 000,  откупени се 11 000 тони со просечна цена од 155 денари за килограм тутун.

Елизабета Митреска