Неизвесност: Грците поделени околу референдумот
Се продлабочува техничкиот банкрот на Грција, на 5-ти јули јужниот сосед излегува на референдум, а премиерот Ципрас се погласен против програмата за штедење. Во меѓувреме не преставуваат редиците пред банките и банкоматите, како и масовните протести во Атина и Солун...

На само два дена до историскиот референдум на кој ќе се одлучи судбината на Грција, анкетите покажуваат дека се уште е неизвесно дали в недела ќе победи грчкото „да“ за прифаќање на реформите, или „не“. Се прават последните подготовки за гласање. Кутиите веќе се носат на избрачките места. Според најновите анализи на компанијата „Алко“, 44,8 проценти од граѓаните сакаат да има реформи, 44,3 проценти, не го прифаќаат предлогот на кредиторите.
„Ако на референдумот победи НЕ ако биде посилно, јас ви ветувам дека следниот ден ќе бидам во брисел и договорот ќе биде потпишан“, изјави премиерот Алексис Ципрас.
Претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц изјави дека неговата доверба кон грчката влада била на дното и очекува, ако одговорот на референдумското прашање биде ДА за реформи, Ципрас да си поднесе оставка.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира дека можеби ќе биде неопходно да се отпише дел од долгот на Грција, бидејќи земјата нема да биде во состојба да ги врати парите поради слабеење на структурните реформи и големиот буџетскиот дефицит.
Монетарците сметаат дека на Грција и се потребни уште 50 милијарди евра за следните три години, за да може да ја стабилизира економијата.
„Мислам дека следната недела во банкоматите воопшто нема да има пари“, вели жител на Атина.
Политичката и економската криза удрија и врз најпрофитабилната гранка – туризмот.
„Добивме порака од туристичката агенција преку која сме дојдени дека треба да бидеме внимателни, се уште немаме пшроблеми бидејќи со нас носиме пари, но малку сме загрижени дека состојбата може да се влоши“, вели еден турист.
Туристичките агенции се загрижени бидејќи се откажуваат аранжманите. За вечерва се најавени протести и на подржувачите и на противниците на реформите.
Марија Петковска
