150 Нигеријци се убиени во напад на Боко Харам
03.07.2015 13:52
Над десетина екстремисти влегле во три оддалечени села во нигериската сојузна држава Борно и ги запалиле куќите...

150 Нигеријци се убиени во најновиот напад на Боко Харам, кога над десетина екстремисти влегле во три оддалечени села во нигериската сојузна држава Борно и ги запалиле куќите.
Најголемиот број жртви се момчиња и мажи кои во моментот биле на молитва во џамиите.
