Турција ја зајакнува војската долж границата со Сирија

03.07.2015 14:02

Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу изјави дека моментално нема планови за упад...

Турција распоредила дополнителна војска и опрема на делови од границата со Сирија во моментот на интензивирање на борбите околу градот Алепо, изјавија претставници на силите за безбедност. Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу изјави дека моментално нема планови за упад.

Безбедносни извори и официјалните претставници во Анкара наведуваат дека турската војска ја зајакнала безбедноста испраќајќи и специјални сили поради острите борби.