Најдолговечни жителите во Пелагониско

03.07.2015 14:11

Најдолговечни се луѓето од Пелагониско, во просек живеат по 74,2 години. Во Југоисточниот, Вардарскиот и Југозападниот регион просекот е 72 години...

Државниот завод за статистика објави- најдолговечни се луѓето од Пелагониско, во просек живеат по 74,2 години. Во Југоисточниот, Вардарскиот и Југозападниот регион просекот е 72 години.

Во Полошко жителите живеат просечно најмалку 71,4 години, а во Скопскиот регион 71,9 години. Во Североисточниот регион просекот е 71,6 години, известуваат од Државниот завод за статистика.

Податоците се однесуваат на 2014-та и според нив, подолго живеат луѓето на село. Во просек околу 74 години или за 4 повеќе од жителите во урбаните средини.