Аналитичари: Македонија одамна ги исполни условите за членство во НАТО

03.07.2015 16:57

Македонија одамна ги исполни условите за членство на НАТО, смета поранешниот британски министер за одбрана Лијан Фокс. За МТВ изјави дека е време меѓународната за едница да рече оти аргументот за проблемот со името е смешен...

Македонија е важен партнер во регионот со растечка економија која ги спроведува на време сите реформи, особено во одбраната. Поранешниот министер за одбрана на Велика Британија и актуелен парламентарец, Лијан Фокс, за Македонската телевизија тврди дека земјата ги има исполнето сите услови за да биде дел од НАТО Алијансата.

„Мислам дека е време меѓународната заедница да признае дека Македонија ги исполнува сите услови, сите политички критериуми,  се што се однесува на она што го прави на економски план како и реформите во одбраната. Време е меѓународната за единица да рече дека аргументот за проблемот со името е смешен. Ние мораме да гледаме на вистинските ризици во светот и она што можеме да го направиме заеднички како меѓународна заедница“, изјави Лијан Фокс-поранешен министер за одбрана на Велика Британија.

И пензионираниот генерал- потполковник кој во моментот предава на Државниот универзитет во Аризона, Бен Фрикли, го дели истото мислење. Смета дека ред е на меѓународната заедница да го направи следниот чекор.

„Лично мислам дека најдобро е сите земји-членки да направат притисок врз Грција за Македонија конечно да биде дел од алијансата“, смета Бен Фрекли-професор по лидерство на Државниот универзитет во Аризона.

Дека Македонија ги исполнува условите за членство беше заклучено уште на Самитот во Букурешт во 2008-та. Секој нареден собир на Алијансата беше реприза на претходниот.

 

Катерина Топалова