„Македонски“ во резолуцијата на Ховит

15.01.2014 17:11

Придавката ,,македонски,, останува во последниот предлог Резолуција за Македонија - потврди за МРТВ во Брисел–известувачот за нашата држава во европскиот парламент Ричард Ховит. Во последниот предлог тој побара иземање на придавката во амандманот 89 со цел како што вели да се испочитуваат предлозите на сите етнички групи во земјата и да се избегнат потенцијалните конфликти по етничка линија мегу децата на училишна возраст.

,,Тоа не значи дека дека придавката нема да се најде на друго место. Мојата посветеност на оваа прашање останува непроменета,, -рече Ховит.

На кое точно место ке се употреби придавката ќе зависи од конечното гласање на Европскиот Парламент во мај, но и со голема сигурност за тоа ке може да се говори и по последното разгледување на Резолуцијата во понеделник од страна на

 комисијата ( комитетот) за надворешни работи.

На АФЕТ ќе бидат разгледувани вкупно 170-те амандамини од европските пратеници, од кои 25 се на известувачот Ховит.

Марина Стојанова Тонева