Два пораза и реми

03.07.2015 17:09

Според информациите од Талин, секогаш малку субјективни, екипата на Работнички не само што била рамноправна, туку на моменти и подобар противник од Флора...

Во натпревар што мина со најмалку возбудувања екипата на Ренова на Филип Втори загуби од молдавска Дачија со 1-0 без притоа да не убеди во својот квалитет, а со тоа и за шансите во реваншот нагости да го анулира домашниот пораз. Според информациите од Талин, секогаш малку субјективни, екипата на Работнички не само што била рамноправна, туку на моменти и подобар противник од Флора, но неискористените шанси и примениот гол ја прават сериозна задачата на домашен терен во реваншот. Минималниот пораз со 1-0 претпоставува дека на романтичарите во Скопје ќе им бидат потребни 2 гола без да биде затресена нивната мрежа,но по солидниот настап во естонија се надеваат дека ништо не е загубено.

Без оглед што шкотскиот вицешампион Абердин ,Скопје го напушти со поволен резултат 1-1 нема незадоволство ниту во редовите на Шкендија по синоќешното реми на нашиот најголем стадион.Новокомпонираниот тетовски прволигаш со неколку звучни засилувања и според амбиентот и играта покажа дека зааслужува подолг престој во Европа,но време за корекции речиси и нема.

7 дена до реваншите се доволни само за мали корекции ,таактичка анализа и пред се подобра психолошка подготовка со уверувањњето дека се може, да се остане во големото друштво и сезоната да не се заврши уште пред да почне.