Каракамишева: Опозицијата бега од избори

03.07.2015 17:19

Според универзитетската професорка Тања Каракамишева, има ситуација каде што власта е таа која што инсистира на избори, а опозицијата сака тоа да не се случи. Таа логиката ја наоѓа во тоа што власта постојано нуди нови проекти и решенија кои ги задоволуваат интересите на граѓаните наспроти опозицијата која што нема програма...

„Македонската опозиција е уникатен феномен кога станува збор за избори“, вели универзитетската професорка, Тања Каракамишева. Според неа, има ситуација каде што власта е таа која што инсистира на избори, а опозицијата сака тоа да не се случи. Таа логиката ја наоѓа во тоа што власта постојано нуди нови проекти и решенија кои ги задоволуваат интересите на граѓаните наспроти  опозицијата која што нема програма.

„Македонската опозицијат бега од изборите како од чума и моли бога тие никогаш да не се одржат посебно во услови кога рејтинзите покажуваат дека се тие слаба, а слаби се поради бојни причини. Секаде во светот опозицијата троши многу повеќе време и енергија за да се најдат алтернативни решенија од оние кој што ги нуди власта со цел на тој начин да им се додовори на граѓаните и да ја освојат довербата“, изјави универзитетската професорка Тања Каракамишева.

Каракамишева вели дека секаде се инсистира на почитување на институциите, а сликата кај нас е поинаква. Го посочи примерот со опозицискиот лидер Зоран Заев кој јавно кажа дека не го признава судот, а според неа, тоа го прави и со останатите институции.

„Кај  нас имаме состојба кај што власта инсистира на почитување на системот, на политичкиот поредок... а опозиоцијата е целосно дефокусирана и оди на ништење. Претпоставувам дека опозицијата се однесува вака како што се однесува зашто нема ниту еден објективен параметар врз основа на кој што ќе може да излезе на избори и да се понуди пред граѓаните. Нема програма,ниту конкретни проекти, нема со што да се пофали и да и парира на ВМРО ДПМНЕ“, нагласува Каракамишева.

„Нема подобар механизам и начин од тоа да се дојде на власт по пат на избори“, заклучува Каракамишева. Начинот на опозицијата да дојде на власт без граѓанско изјаснување, според неа, е демократски апсурд кој не може да се прочита во ниту едно поглавје во политичкиот систем.

 

Наташа Гркова- Петрушевска