Премиерот Груевски во посета на Богданци и Дојран
05.07.2015 13:14
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска ќе оствари посета на општините Богданци и Дојран...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска ќе оствари посета на општините Богданци и Дојран.
Во општина Богданци, Груевски ќе го посети паркот на ветерни електрани „Богданци“.
Во село Николиќ, општина Дојран, како што е најавено, премиерот Груевски ќе присуствува на пуштање во употреба на повеќенаменско игралиште, по што ќе оствари и работна посета на општина Дојран.
