Пијано концерт и два филма на „Скопско лето 2015“

05.07.2015 13:21

Концертот почнува во 20:30 часот, а на програмата се дела од Купери, Дебиси, Шопен и др...

Во рамки на „Скопско лето 2015“ вечер во салонот „Kаваи“ во населбата Аеродром ќе биде одржан Хаус концерт бр. 1 „Француско-шпански ароми“ на пијанистката Елена Kостовска.
 
Концертот почнува во 20:30 часот, а на програмата се дела од Купери, Дебиси, Шопен и др.
 
Во Сули ан, пак, каде што се одржува фестивалот „Скопје синема сити“ од 20 часот ќе бидат прикажани два филма: „Преминувајќи го мостот: Звукот на Истанбул“ во режија на Фатих Акин и „Патешествие на соништата“ на режисерот Марк Шуман.