Засилена воена кампања против ИДИЛ

06.07.2015 10:41

Најжестоки борби се водат околу градот Рака, којшто исламистите го прогласија за главен град на својот Калифат...

САД и нивните сојузници ја засилија воената кампања против Исламска држава со 38 напади од воздух врз цели на џихадистите во Ирак и во Сирија.

Најжестоки борби се водат околу градот Рака, којшто исламистите го прогласија за главен град на својот Калифат. Во Сирија се погодени стратешки точки како 16 мостови и неколку моторизирани борбени единици.

Во Ирак, пак, во експлозии на бомби во шиитскиот дел од градот се убиени најмалку 15 лица, во напади зад кои се верува дека стои Исламска држава.