Резиме за работата на амбасадорите на културата
Голем број активности од полето на културата се реализирани низ целиот свет. Амбасадорите на културата од Македонија пред министерката Канческа-Милеска ги презентираа активностите што ги реализирале од областа на културата во земјата каде што ја претставуваат Македонија.
Голем број активности од полето на културата се реализирани низ целиот свет. Амбасадорите на културата од Македонија пред министерката Канческа-Милеска ги презентираа активностите што ги реализирале од областа на културата во земјата каде што ја претставуваат Македонија.
Македонските композитори не се доволно застапени на светските подиуми, вели оперскиот пејач Благоја Нацоски. Нарачал преработки во класичен стил на наши популарни народни композиции. Сепак, според него, не е толку специјално кога тој ќе ги изведе на македонски, туку кога тоа ќе го стори странски изведувач.
„ Ќе дадам пример на еден хор во Рим кој во 2009 изведе дела на македонските композитори Трајко Прокопиев и Тодор Скаловски, по повод 15-годишнината од билатералните односи со Светата столица, односно со Ватикан. Потоа случајно видов дека на нивните концерти и наредните години ги повторуваа истите дела.“ Вели оперски пејач Благоја Нацоски
Ретроспектива на творештвото на режисерот Мило Манчевски имало во кинотеките во Виетнам и во Болоња, а предавања имал на Кембриџ и на универзитети во САД.
Тонско –„ Во последниве неколку години краткиот филм Четврток, како и последниот мој филм Мајки се прикажани на 40 – тина филмски фестивали.“ изјави режисерот Милчо Манчевски
За оваа година е предвидено поттикнување на заедничката соработка меѓу Министерството и уметниците за одредени проекти во кои ќе бидат вклучени и соработници и нивни колеги од странство.
„Меѓу другото, на средбата се договоривме да го промовираме творештвото на амбасадорите на културата во земјите каде што живеат и творат. Имаат богата творечка дејност и таа треба да се промовира како во Македонија така и во државите каде што живеат“ изјави министерката за култура Елизабета Канческа- Милеска
Следната средба на амбасадорите на културата и министерката за култура ќе биде на отворањето на Охридско лето.
Ана Јосифоска