Нови напади на Боко Харам во Нигерија
06.07.2015 10:43
Во градот Јос, бомба експлодирала во ресторан, а целта на вториот напад бил имам противник на терористичката група...

Нови крвави напади на Боко Харам во Нигерија. Жена бомбаш самоубиец се разнесе меѓу христијански верници во црква во нигериската држава Јобе, убивајќи петмина.
Во градот Јос, бомба експлодирала во ресторан, а целта на вториот напад бил имам противник на терористичката група. Најмалку 16 лица загинале.
Серијата бомбашки напади се случуваат непосредно откако Боко Харам уби околу 200 луѓе изминатата недела во североисточната нигериска држава Борно.
