Одложено судењето за случајот „Монструм“
06.07.2015 11:51
Двајца од обвинетите не беа спроведени од затворот во Идризово. Затворската управа била уредно известена, но до Судечкиот совет нема повратна информација зошто обвинетите не се спроведени...

Се одложи јавната седница во апелацискиот суд за случајот „Монструм“. Двајца од обвинетите не беа спроведени од затворот во Идризово. Затворската управа била уредно известена, но до Судечкиот совет нема повратна информација зошто обвинетите не се спроведени.
Скопскиот кривичен суд минатата година донесе пресуда со која шестмина обвинети се осудени на доживотна робија. Ослободителна пресуда имаше само за Сејди Рами за кого немаше докази.
Групата се товари дека во април 2012-та го извршила петкратното убиство кај Смиљковското езеро.
Анита Димитријевска
