Папата Франсис во Еквадор повика за заштита на најсиромашните
06.07.2015 14:32
Се очекува на мистата во Кито да присуствуваат милион католички верници...

Папата Франсис, кој допатува во Еквадор во рамките на 9-дневна посета на Јужна Америка, повика на заштита на најсиромашните луѓе.
„Напредокот и економскиот развој во Латинска Америка гарантира подобра иднина за сите, но посебно внимание мора да им се посвети на нашите најсиромашни браќа и најзагрозените малцинства“, изјави папата.
Се очекува на мистата во Кито да присуствуваат милион католички верници, а потоа папата ќе ја продолжи посетата во Боливија и во Парагвај.
