Втора жртва од МЕРС на Филипини

06.07.2015 14:40

36-годишниот човек се вратил од патување од Дубаи пред еден месец...

На Филипините втор починат од вирусот МЕРС. Според информациите од министерството за здравство, 36-годишниот човек се вратил од патување од Дубаи пред еден месец.

Во моментов се трага по сите со коишто контактирал за да се спречи натамошно ширење на болеста.