Пензионираните генерали за професионалните војници
Вистински потег во вистинско време и конечно решавање на статусот на професионалните војници кои се уште може многу да дадат од своето знаење,вака ја коментираат владината одлука пензионираните генерали. Првиот началник на Генералштабот на Армијата Митре Арсовски смета дека на овој начин ќе се добијат квалитетни кадри во администрацијата,бидејќи години наназад професионалните војници се обучувани на ред и дисциплина.

,,Мора да се поздрави оваа одлука на Владата бидејќи со ова прашање ги заштитува младите личности кои формирале семејства.Но,треба да се разговара што натаму и како ќе се пополнува Армијата,, вели првиот началник на Генералштабот на Армијата,пензионираниот генерал Митре Арсовски.
Секогаш кога се работи за ново вработување и решавање на егзистенционално прашање,човек не може да биде против, потенцира генерал Илија Николовски.Вработување да,но како што вели, да не се дозволи Армијата да се претвори во социјална установа,бидејќи таа е институција за која сите треба да имаме добро мислење и да ја респектираме.
,,Тие што ќе ги исполната стандардите,оние што се психофизички способни може да бидат поставени како готвачи,возачи,но Армијата не смее да биде социјална категорија,, смета пензионираниот генерал Илија Николовски.
Ветераните бараа уште утре да се преземат мерки да не се дозволи оние што се примаат како професионални војници да се најдат во ситуација како нивните колеги.Откако ќе влезат во редовите на Армијата, да се дообучуваат и за други активности за полесно да се снајдат на евентуално новото работно место.
Милчо Велески