Средба Оланд- Меркел по грчкото НЕ

06.07.2015 16:36

Пред вонредниот состанок, попладнево во Елисејската Палата ќе се сретнат челниците на две од четирите најмоќни земји членки на Унијата, претседателот на Франција, Франсоа Оланд, и германската канцеларка, Ангела Меркел. Единствена тема- последиците од грчкиот референдум...

Прашањето што ќе се случи по грчкот „НЕ“ на планот на своите доверители, отвора многу прашања во ова жешко лето. Француските политичари се поделени, тие од левицата сметаат дека треба да се отворат повторно преговороти, додека тие од десницата не сакаат да плаќаат за Грција. Според пресметките Грција на секој французин му должи просечно по околу 1.000 евра или околу 50 милијарди евра, кои веќе се пресметани во францускиот долг. Портпаролот на француската влада, Стефан Ле Фол, покажувајќи се смирен за ризиците за француските финансии наспроти новата ситуација, смета дека топката сега е во рацете на Атина- „секој сега треба да ја преземе одговорноста, и посебно грчката влада.“

„Потребно е да се почитуваме, тоа важи и за грчката влада чиј министер за финансии имаше неприфатливи зборови за наводниот тероризам од доверителите“, вели Стефан Ле фол, портпарол на француската влада.

Лидерот на Фронтот на левицата Жан-Лук Меланшон кој вчера го славеше на плоштадот на Републиката во Париз грчкото не на референдумот, тој смета дека:

„Отсега можеме сериозно да дискутираме сирозно во Европа. Апсурдната политика на Г-ѓата Меркел и Г-динот Шојбле е победена. Сега треба да се воспостави ликвидноста на Грција и веднаш да започнат преговори моратирум на долгот“.

ПретседателотнаФранција, Франсоа Оланд наводно имал телефонски разговор со грчкиот претседател, а вечерва се среќава со германската канцеларка АнгелаМеркел, во Елисејската палата, каде ќе разговараат за последиците од грчкиот референдум, во пресрет на утрешниот вонреден самит на еврозоната. За разлика од Берлин, Париз игра на картата на отворена врата за Грција, како што тоа го потврди министерот за финансии Мишел Сапан.

„На масата постои основа за дијалог, но Грција е таа која треба да ни докаже дека го сваќа сериозно дијалогот и дека знае дека ќе остане во евро зоната и дека има одлуки кои треба да се донесат“, изјави Сапан.

Дали ќе има заедничка иницијатива на утрешниот самит на еврознота ќе знаеме по вечерашнава средба во Елисејската палата меѓу Оланд и Меркел.

 

Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ