Измени во Изборниот законик

15.01.2014 17:38

Нема пуштање објекти изградени со државни пари за време на изборна кампања. Ако не се почитува новиот договор за Изборниот законик, предивдена е затворска казна од 6 месеци до 1 година. Власта и опозицијата постигнаа консензус. Тест ќе бидат претседателските избори.  

„Најклучно за нас е одделувањето на партијата од државата како препорака, затоа што со тоа се создаваат приближно фер услови за старт на изборната трка“ -рече Цветанка Иванова.

„Очекувам дека носењето на овој изборен законик со консенсуз ќе има позитивни ефекти во спроведувањето на изборите“ - рече Никола Тодоров.  

„Се креира амбиент за фер и демократски избори и да се елиминира перцепцијата дека партиите на власт  секогаш се во предност на изборите“- рече Абдулаќим Адеми.

ДПА, иако поканета, не беше дел од консензусот. Министерот за правда Блерим Беџети вели дека измените се во интерес, пред се, на граѓаните .

Исполнети се сите препораки од ОБСЕ и ОДИХР и, што е најбитно, силната волја на Владата и на политичките партии дојде до израз. Имаме консензуален изборен законик во собраниска постапка, рече министерот за правда Блерим Беџети.

Во секој случај претставува голем исчекор напред што е во интерес на Македонија на граѓаните, рече Никола Рилковски, претседател на Државната изборна комисија.

Затворска казна од 3 до 5 години е предвидена за функционер кој во време на изборна кампања вонредно ќе исплати средства од буџетот. Министерот за финансии ќе има обврска да ги објавува сите исплати во изборниот период и да достави финансиски извештај. Радиодифузерите ќе треба да обезбедат избалансирано медиумско претставување. МРТ во Информативната програма треба да оддели рамноправен пристап за настани од земјата, за Владата и од опозицијата.

Викторија Тодоровска