Обама: Исламска Држава ќе биде поразена
САД ќе продолжат да го спречуваат нелегалното финансирање на џихадистите во светот и дека ќе стори се за обука и подготвување и опермување умерени опозициски групи во Сирија...

Американскиот претседател Обама изјави дека неодамнешните територијални загуби на екстремистите на Исламска држава во Ирак и во Сирија покажуваат дека групата ќе биде поразена.
Тој додаде дека САД ќе продолжат да го спречуваат нелегалното финансирање на џихадистите во светот и дека ќе стори се за обука и подготвување и опермување умерени опозициски групи во Сирија. Американскиот претседател повтори дека САД и нивните партнери ќе бидат успешни во поразувањето на милитантната група со ефикасните парнери на терен во Ирак.
Меѓудругото истакна и дека врз Исламска Држава биле се изведени повеќе од 5 илјади воздушни напади во кои се убиени илјадници борци и командантен кадар.
