4 нови члена во новиот лустраторски тим
„Година дена беа оставките поднесени од членовите на претходниот состав.Во ниеден момент СДСМ немаше намера да учествува во ваков процес. Затоа што прво не се почитува законот. Како тоа никој во оваа држава не сака да ни каже зошто Томе Аџиев е 3 години претседател, а во законот пишува поинаку“ - Горан Сугаревски СДСМ.
„Ќе беше многу подобро , ако и вие учествувавте во изборот на новиот тим“ ,возврати Димовски. Реагирате за продолжениот претседателски мандат на Аџиев , а вие не го дозволивте ротациското претседателство“.
Во наредниот период според Димовски , доколку има согласност би можело да се направи и интервенција во законот.
„Ние во ниту еден случај не би имале против да интервенираме во законот за подобрување на ефикасноста во процесот на разрешување на лицата коишто се лустрирани , ако има застој на одредено ниво“ - Илија Димовски претседател на комисијата за избори и именување.
Актуелниот состав во изминативе 4 години ефективна работи проверил над 29 000 досиеја и утврдил 124 соработници на тајната полиција. Според првиот човек на комисијата -процесот на лустрација добил позитивни критики.
Имавме контакти со пратеници од европскиот парламент. Со пратеници од соседните држави кои се интересираат за процесот на лустрација.Барајќи искуство бидејќи Македонија тука е една од подобрите што ја спроведува, барем таков е заклучокот на соседните земји ншто ја спроведуваат лустрацијата“ -Томе Аџиев претседател на комисијата за верификација на фактите.
На староновиот тим пет –годишниот мандат му почнува откако собранието ќе даде зелено светло.
Виолета Димовска
