НБРМ: Не се планираат нови мерки за заштита
Ќе ја следиме солвентноста во грчкиот банкарски сектор и соодветно ќе реагираме, наведува Богов во изјава за Ројтерс по изгласаното „не“ на референдумот во Грција...

Не се планираат дополнителни мерки за заштина на македонските банки од грчката криза, вели гувернерот Богов. Народна банка ја следи солвентноста во грчкиот банкарски систем, и тврдат дека соодвенто ќе реагираат.
Ќе ја следиме солвентноста во грчкиот банкарски сектор и соодветно ќе реагираме, наведува Богов во изјава за Ројтерс по изгласаното „не“ на референдумот во Грција.
Претходно, Богов изјави и дека македонските банки немаат потреба од надворешна помош за да го превенираат евентуалното влијание од кризата во Грција, но додаде дека пристапот до инстументите за рефинансирање на Европската централна банка може да послужи како добра поддршка ако е потребно.
