Самоувереност, зашто да не
На прашањето дали е реално сценариото македонската ракометна репрезентација и со пораз од Австрија да ги продолжи настапите на европското првенство во Данска нашиот репрезентативец Бранислав Ангеловски одговара со прашање: „ А зашто да чекаме други да ни ја решаваат судбината“?
Според него македонската селекција има и квалитет и потенцијал да се избори за поволен резултат против Австрија, да го обезбеди пласманот меѓу најдобрите 12-ет и да пренесе бод или два во следната фаза.

Австрија ја елиминиравме пред две години во бараж-средбите за СП во Шпанија , но според Ангеловски тешко е да се каже дали тие во меѓувреме многу напредувле или нашиот состав е послаб од тогашниот. Клучна повторно ќе биде играта во одбраната и спречувањето на нивните полуконтри и брза транзиција преку кои постигнуваат барем 30 насто од головите.