Груевски: Наскоро камен-темелници на четири нови странски капацитети
Следните месец и половина, со градежни активности почнуваат капацитетите КСС, ОДВ Електрик, Гентерм и Кондево...

Четири фабрики почнуваат со градба, две со произвоство. Шесте нови инвестиции се очекува да вработат пет илјади лица, изјави денеска премиерот Никола Груевски. Следните месец и половина, со градежни активности почнуваат капацитетите КСС, ОДВ Електрик, Гентерм и Кондево.
„Во јули и во август се планираат четири почетоци на градби на фабрики кои се веќе најавени и два завршетоци на градба, односно почнување со производство. Се на се четири фабрики кои претходно беа најавени започнуваат со градба, а две се завршуваат и ќе почне производството. Сите заедно ќе вработат над 5 илјади луѓе во Република Македонија“, рече премиерот Груевски во одговор на прашање по означувањето на почетокот на реконструкција на 15 улици во општина Ѓорче Петров.
Официјално ќе бидат пуштени во употреба капацитетите на Техникал текстајлс во Штип и Дијатек во Технолошко индустриска развојна зона во Скопје.
Груевски посочи дека од септември има најава за отпочнување со градба и на други капацитети на странски инвеститори, но нагласи дека се уште е рано да се соопшти кои се тие.
