Во очекување на епилог, Банките во Грција остануваат затворени
За грчките граѓани и денес продолжуваат проблемите што настанаа по минатонеделното затворање на банките. Клуч на банките и редици прeд банкоматите е сликата изутринава во грчката престолнина...

Банките во Грција ќе останат затворени и во наредните два дена, во очекување на епилогот од вонредниот состанок во Брисел. Еден од главните грчки кредитори, Европската Централна Банка, го задржа притисокот врз грчките банки, откако не ја донесе очекуваната одлука за зголемување на нивната ликвидност.
За грчките граѓани и денес продолжуваат проблемите што настанаа по минатонеделното затворање на банките. Клуч на банките и редици прeд банкоматите е сликата изутринава во грчката престолнина.
„Не чекаме долго, 1 минута“, вели една жителка на Атина која ја анкетиравме.
Само еден дел од банкарските експозитури и натаму ги отворааат вратите исклучиво за пензионерите кои што не користат платежни картици, со можност да подигнат најмногу до 120 евра неделно.
„Што можам да кажам ? Што може било кој да каже ? Тажна сум што успеаа да ја доведат Грција до ова ниво“, вели еден пензионер.
Премиерот Алексис Ципрас ќе ги повика меѓународните кредитори да обезбедат дополнителна финансиска помош за земјата и да отпишат една третина од државниот долг. А колку грчката економска криза може да има геополитички последици, е прашање што се почесто се поставува по грчкиот референдум.
Во овој контекст, рускиот претседател Владимир Путин вчера разговарал со директорката на ММФ Кристин Лагард на тема наоѓање решение за грчкиот долг по неделниот референдум, откако неколку часа претходно во телефонски разговор со Ципрас ја искажал својата поддршка за тешкотиите на грчкиот народ.
Марија Котовска- постојан дописник од Атина за МРТ
