Одлучувачки ден за Грција по референдумското „НЕ“

07.07.2015 16:40

Лидерите на Еврозоната на самит во Брисел попладнево разговараат за должничката криза во Грција. Според информациите во оптек се повеќе решенија од отпис на дел од долгот до враќање на драхмата. Официјалните изјави пред почетокот не упатуваат на оптимизам...

Од Грција се очекува серизен предлог на реформски пакет за излез од кризата- децидни беа сите минстри за фиинасии од државите членки на Еврозоната, пред почетокот на итниот состанок на Еврогрупата. Затоа колку трпението на ЕУ е прикрај говори и фактот што и излегувањето на Грција од Еврозоната е можно решение од денесниот состанок, кој светските медиуми веќе го нарекоа  „Д денот“ за Грција.

„Ќе биде многу тешко. Ќе чекаме нови предлози од грчката влада. Се надевам ги имаат денеска. Ќе видиме дали се кредибилни, и дали има решение“, изјави претседателот на Еврогрупата, Јероен Дијселблом.

„Секако тоа не е наша цел, не е нашата намера. Ние работиме на сценарио според кое може да постигнеме согласност, но ако довербата не се обнови, ако нема предлог за кредибилен  реформски пакет, Грегзит не е исклучена опција“, нагласи потпретседателот Валдис Домбровски.

Преговорите кои траат повеќе од една година, и на крајот негирани со референдумското НЕ ,  предизвикаа револат кај членките на Унијата. Премиерот на Холандија отворено ја предупреди Грција, да превземе длабоки реформи, во спротивно ситуацијата не може вака да се одвива.

Доцна попладнево поцнува и специјалниот хуманитаренн самит за Грција, на кој ќе бидат предложени мерки како да се помогне на најранливите групи од грчкиот народ, преку обезбедување на финасиска стабилност на земјата. Во моментов, само финасиската  помош од Европската централна банка ја држи земјата надвор од банкрот и излез од Еврозоната.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ