Убиен водач на екстремисти во руски Дагестан
Три припадника на руските безбедносни сили, како четири милитанти загинаа вчера во престрелка во руската република Дагестан
Според извори од антитерористичката единица, меѓу убиените е и водачот на терористите, Марат Идризов, кој е најверојатно одговорен за бомбашкиот напад пред полициската станица во која имаше три жртви во јужниот руски град Пјатигорск минатиот месец. Најмалку пет припадници на безбедносните сили беа повредени во престрелката која се случила вчера со група на екстремисти кои се криеле во куќа во селото Карланиурт во Дагестанм, дополнува руската агенција РИА новости. Пред зимските Олимписки Игри во Сочи кои почнуваат наредниот месец, во Русија, поточно во Волгоград, се случија два терористички напади во кои загинаа повеќе од 30 лица.
