Македонија во жолта фаза, 40 степени и УВ индекс 9
Особено топло ќе биде денеска и утре, а во југоисточните делови се очекуваат и до 40 степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи, во четврток попладне ќе настапи преодно наоблачување со локален, повремено пороен дожд и со грмежи...

Македонија e во жолта фаза, поради влијанието на многу топла воздушна маса што предизвикува значителен пораст на дневните температури. УВ индексот е 9. Особено топло ќе биде денеска и утре, а во југоисточните делови се очекуваат и до 40 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во четврток попладне ќе настапи преодно наоблачување со локален, повремено пороен дожд и со грмежи. Во петок ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и со умерен северен ветер, што ќе ги намали дневните температури за три до четири степени. Од сабота повторно ќе биде стабилно со благ пораст на дневните температури.
Здравствените власти препорачуваат да се пијат многу течности, да се консумира лесна храна, овошје и зеленчук, да не се излегува од 11 до 17 часот, доколку не е потребно, и да се носи лесна облека.
На 33 пункта во земјава ќе се вршат и превентивни прегледи.
