Силни безбедносни мерки за посетата на Меркел на Тирана
08.07.2015 11:01
Низ градот се распоредени над 1.500 полициски службеници од сите сектори, сообраќајот ќе биде запрен низ неколку улици...

Германската канцеларка Ангела Меркел ја почнува балканската турнеја со посета на Албанија. Тирана е под засилени безбедносни мерки, идентични како тие при посетата на папата Франциск лани и на српскиот премиер Вучиќ во мај.
Низ градот се распоредени над 1.500 полициски службеници од сите сектори, сообраќајот ќе биде запрен низ неколку улици и градот ќе го надлетуваат хеликоптери.
Меркел по Албанија ќе ги посети Србија и Босна и Херцеговина.
