Премиерот Груевски приреди Ифтар вечера по повод Рамазанските пости

08.07.2015 11:40

На вечерата присуствуваа министри, заменици министри и пратеници од Исламска вероисповед, како и дел од владиниот тим...

Претседателот на Владата, Никола Груевски синоќа приреди Ифтар вечера по повод Рамазанските пости. На вечерата присуствуваа министри, заменици министри и пратеници од Исламска вероисповед, како и дел од владиниот тим.

Постот за граѓаните со муслиманска вероисповед завршува на 17-ти јули кога се празнува Рамазан Бајрам.