Убиен еден од лидерите на ИДИЛ

08.07.2015 11:47

Во нападите се убиени и шестмина други екстремисти...

Во воздушните напади во Авганистан е убиен еден од лидерите на Исламска држава, соопшти претставник на Националната управа за безбедност. Воедно додаде дека во нападите се убиени и шестмина други  екстремисти.

Во меѓувреме Авганистанската влада одржа еднодневни мировни преговори со талибанците кои завршија со заеднички став да се дојде до решение за кризата и со договор за повторна средба по Рамазанските пости.