МВР: Во Косово уапсен Сулејман Османи
08.07.2015 11:54
Од МВР потврдија дека косовската полиција постапила по меѓународната потерницата издадена од Македонија. Според косовската полиција, во куќата на Османи пронајден е дел од оружјето украдено за време на нападот на караулата...

МВР доби известување од косовската полиција дека вчера во селото Летниче кај Витина е уапсен Сулејман Османи од селото Бреза, осомничен за учество во настаните во Куманово во мај годинава, а кој и побегна на полицијата кога им го покажувал местото каде што било скриено оружјето.
Од МВР потврдија дека косовската полиција постапила по меѓународната потерницата издадена од Македонија. Според косовската полиција, во куќата на Османи пронајден е дел од оружјето украдено за време на нападот на караулата во Гошинце.
