Нова средба на мелничарите и производителите на пченица
08.07.2015 11:57
Ќе стане збор за актуелната состојба со откупот и цената на лебното жито...

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска уште една заедничка средба на мелничарите и производителите на пченица.
На средбата ќе присуствуваат и претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот инспекторат за земјоделство, а ќе стане збор за актуелната состојба со откупот и цената на лебното жито.
Ова е трета средба на која двете страни се обидуваат да ги усогласат своите ставови и барања.
