Вучиќ ќе ја претставува Србија во Сребреница
08.07.2015 12:16
Советот за безбедност на Обединетите нации денеска расправа за нацрт-резолуција, по повод 20-годишнината од масакрот во Сребреница...

Српскиот премиер Александар Вучиќ ќе ја претставува Србија во Сребреница на 11-ти јули, реши едногласно владата во Белград на вчерашната вонредна седница. Советот за безбедност на Обединетите нации денеска расправа за нацрт-резолуција, по повод 20-годишнината од масакрот во Сребреница.
Документот го осудува злосторството и повикува на напори што ќе помогнат во спречување на геноцидот во иднина.
Српските лидери во Босна одбиваат случувањата во Сребреница да бида категоризирани како геноцид. Многу е веројатно нацрт-резолуцијата да добие руско вето.
