Оружена престрелка во Балтимор
08.07.2015 13:17
Полицијата трага по нив и воедно издаде предупредување до граѓаните да не излегуваат од домовите додека вооружените мажи не бидат фатени...

Тројца луѓе починаа еден е ранет, откако оружени мажи отвориле оган на улица во близина на универзитетот Мериленд во Балтимор.
Напаѓачите со комбе успеале да избегаат, а полицијата трага по нив и воедно издаде предупредување до граѓаните да не излегуваат од домовите додека вооружените мажи не бидат фатени.
Се уште не се познати причините за нападот.
