Овинетиот за трикратното убиство во Кавадарци го призна делото
Му се суди за три кривични дела „убиство“, за што може да добие казна затвор од најмалку 10 години до доживотен затвор...

Тони Станоев, обвинет за трикратното убиство во Кавадарци, во ноември лани, го призна делото. Ги застрела родителите на неговата сопруга и нејзината сестра. Му се суди за три кривични дела „убиство“, за што може да добие казна затвор од најмалку 10 години до доживотен затвор.
Тони Станоев по убиството избега, а беше фатен 3 дена подоцна во близина на гробиштата во Кавадарци. Психијатриското вештачење утврдило пресметливост и ќе се користи како доказ во постапката.
Во меѓувреме, по спроведена постапка, пред судовите во Велес и во Кавадарци, условно и парично беа казнети полицајци и вработени во центарот за социјални работи во Кавадарци, кои не презеле мерки по пријавите за семејно насилство и не му го одзеле оружјето, со кое подоцна беше извршено убиството.
