Спасов: Со проектот „Македонија вработува“ досега вработени 3.140 лица
Надлежните се задоволни од динамиката. Сметаат дека компаниите од приватниот сектор ги користат поволностите...

За нешто повеќе од два месеца од стартот на проектот „Македонија вработува“, отворени се околу 3.140 работни места.
„Очекуваме бројката да расте, во текот на летото, а уште повеќе од октомври. Овозможени се значителни поволности за приватните компании за да ги мотивираме да отворат нови работни места. Компаниите заштедуваат од 27 до 30 проценти од проесечната бруто плата за период од три до пет години односно целосно се ослободени од плаќање социјални придонеси за повеќе категории граѓани“, изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Надлежните се задоволни од динамиката. Сметаат дека компаниите од приватниот сектор ги користат поволностите и реализираат нови вработувања.
