Поквалитетна услуга за обележување на добитокот
Се либерализира пазарот за опрема за идентификација на добитокот. Исто така, поголем е квалитетот на услугите, а помали се трошоците на сточарите.
Набавка и дистрибуција на ушни маркички за добитокот и за домашните миленици наместо една, сега вршат четири фирми.
Агенцијата за храна и ветеринарство го либерализира работењето на ветеринарните друштва за поголема ефикасност и конкуренција.
Овластувања од Агенцијата може да добијат и други фирми со услови и можност да ја почнат оваа дејност.

Највисоката цена на ушните маркички за говеда изнесува 120 денари, за овци и за кози 30, за свињи 20, а 500 денари за микрочип.
150 денари чини идентификациската плочка за пчеларници.
Трошоците за опремата ја плаќаат одгледувачите, а за свињите годинава се на товар на државата.
Проверката на квалитетот на маркичките пред издавањето на одобрението ја врши Агенцијата за храна и ветеринарство.