Кривична пријава за петмина судии од Прилеп и четворица лекари од Битола и Скопје

08.07.2015 14:14

Конкретно четворицата судии и претседателот се осомничени за злоупотреба на службената положба, а четворицата лекари за помагање во извршувањето на кривичното дело...

На четворица судии при основниот суд во Прилеп, претседател на судот и на четворица лекари од Битола и Скопје, МВР им поднесе заедничка кривична пријава со која сите деветмина се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување и за помагање во тоа кривично дело.

Од прилепското Основно јавно обвинителство потврдуваат дека ја добиле кривичната пријава од МВР. Конкретно четворицата судии и претседателот се осомничени за злоупотреба на службената положба, а четворицата лекари за помагање во извршувањето на кривичното дело.

Од обвинителството само велат дека станува збор за кривичен предмет во кој за едно лице е изречена затворска казна. Обвинителството ги демантира шпекулацииите во јавноста дека има апсење на судии.