Од август почнува примената на шествалентните вакцини

08.07.2015 15:07

Премиерот Груевски рече дека веќе пристигнале шествалентните и ќе се распределуваат по медицинските установи по што од август ќе бидат ставени во употреба...

Поливалентните вакцини пристигнуваат во земјава. Премиерот Груевски рече дека веќе пристигнале шествалентните и ќе се распределуваат по медицинските установи по што од август ќе бидат ставени во употреба.

„Вчера пристигнаа шествалентните вакцини и во наредните две до три недели ќе се распределуваат низ сите јавни здравствени установи според претходно утврдена шема. Околу 1-ви август ќе започне нивното користење“, изјави премиерот Никола Груевски.

Што се однесува до петвалентните вакцини, Груевски соопшти дека тие треба да пристигнат до почетокот на август и оти веднаш по нивното пристигнување ќе почне дистрибуцијата.